WRC


|

15 Јуни, 2009 - 12:34  

   Релито во Грција

Заврши релито во Грција кое по мнагу што може да донесе пресврт во сезоната. Релито се возеше по планински патишта на макадам со многу камења расфрлани наоколу. Токму на еден од нив налета Лоеб во саботата. Каменот го исфрли надвор од патеката со што успеа доволно да му го уништи возилото така што Лоеб немаше како да го заврши релито. Победник беше Хировонен од Форд со што зналително му се доближи на Лоеб во генералниот пласман. Втор беше Огиер од тимот на Цитроен Јуниор, а трет беше Латвала од Форд. Со ова Форд значително му се приближи на Цитроен во генералниот пласман. единствените бодови за Цитроен ги освои Сордо. Победник во p-wrc на свој терен беше гркот Athanassoulas и за него ова беше прва победа.Тамуво генералниот пласман води Ал-Атјах пред Арајуо и Сандел. Победник во ј-wrc е чехот Прокоп. Следното рели е во Полска.

   логирај се за да пишуваш коментари | за печатење | прати по e-mail | 140 пати прочитано   #

7 Јуни, 2009 - 16:23  

   Ситуацијата во wrc на средина од сезоната

 Знам дека ветив дека редовно ќе пишувам постовио али затоашто образовниов систем у државава има за цел да измузе се шо има за музење од нас па така да немав баш време. Глеам дека и не сум испуштила нешто многу. Лоеб е прв зад него Хировонен а трет е Сордо. Мислам дека ќе следи една интересна битка помеѓу Хировонен и Сордо за второто место во генералниот пласман на половина сезона (шест трки до крајот). Морам да кажам дека ми е стварно жал што не го гледав релито Сардинија зашто ми е омилено особено околината каде се вози. Башка релито е на земјена подлога каква што искрено најмногу сакам. Таму победник годинава беше Латвала пред Хировонен и Солберг а Лоеб беше на четвртото место. Следното рели е релито Акрополис во Грција. Истотака многу интрересно рели со многугодишна тредиција. Се вози на земјена подлога по тесни планински патчиња. Овде се бара посебна психичка и физичка подготвеност од возачите и нивните совозачи. Ќе биде многу интрересно да се види кој ќе победи. Ова рели е според мене вистинска шанса за лугето од нашава земја да идат и да посетат рели во живо.


   логирај се за да пишуваш коментари | за печатење | прати по e-mail | 95 пати прочитано   #

1 Февруари, 2009 - 21:51  

   wrc.blog.com.mk се врати во живот

Па алелуја после година и кусур ми текна да се вратам на блогерај. Глеам нешо многу ствари се смениле од последниот пат кога бев тука али нема везе. Знам дека на блогов му е потребен ремонт шо се надевам дека ќе го направам кога ќе иам малце поише време. Ај јас да си се вратам на темава на блогов. И во wrc мноу ствари се промениа од последниот пост али сеа нема да зборам за тоа. Значи во петокот почна и новата сезона во wrc каде без некоја поголема мака победи Лоеб. На второ место беше Сордо и со тоа му ја донесоа на Цитроен првата one-two победа сезонава. Се предпоставува дека Цитроен и годинава ќе биде доминантен на сите трки но дали ќе биде така останува да дознаеме у теков на сезонава. Трет беше Хирвонен со Форд. Иначе од сезонава повеќе возачи ги променија своите тимови како на пример Аткинсон кој премина во Цитроен Јуниор. Од другите позначајни новитети можам да го издвојам и тоа дека оваа сезона тимовите со гуми ке ги снабдува само Пирели. Следното рели ќе се одржи на 13,14 и 15 Февруари во Норвешка.


   2 коментари | за печатење | прати по e-mail | 129 пати прочитано   #

8 Декември, 2007 - 19:13  

   Велс

Сезоната во wrc заврши со последното рели кое се извозе во Велс.Во Велс победник беше M.Hirvonen 3.22.50.9  втор беше M.Gronhlam 3.23.06.1 а трет беше S.Loeb 3.24.23.9.Тоа не беше доволно M.Gronhlom да ја освои шампионската титула.S.Loeb во генералниот пласман беше 4 поени пред M.Gronhlom.А од другата година M.Gronhlom повеќе нема да се натпреварува во wrc.Вака изгледа генералниот пласман по завршетокот на сезоната:1.S.Loeb  116 поени 2.M. Gronhlom  112 поени 3.M.Hirvonen  99 поени 4.D.Sordo  65 поени 5.P.Solberg  47 поени 6,H.Solberg  34 поени.Кај конструкторите први се Форд со 212 поени пред Цитроен со 163 и Субару со 85 поени.

Во меѓу време S.Loeb го направи првиот тест во формула 1 во Франција.Искрено се надевам дека нема да премине во формула 1 натпреварите. 


   4 коментари | за печатење | прати по e-mail | 231 пати прочитано   #

24 Ноември, 2007 - 19:16  

   Релито во Ирска

Претходниот викенд се возеше релито во Ирска што не реши ама баш ништо во врска со шампионската титула кај возачите.Баш напротив наместо M.Gronholm да победи и со тоа да му се одалечи на S.Loe тој се откажа од релито и на тоа рели победник беше Loeb  И со тоа му побегна за 6 поени на M.Gronhlom.Во Ирска втор беше D.sordo, А трет беше J.Latvala.Следно е релито во Велс за следниот викенд.Тоа рели ке биде многу не извесно


   2 коментари | за печатење | прати по e-mail | 220 пати прочитано   #

10 Ноември, 2007 - 19:13  

   Блогов си подолжува со својата работа

По подолга пауза блогов повторно почнува да пишува за се што е ново како и резултатите од wrc натпреварите.За почеток изразувам жалење за сметта на големата wrc легенда Colin Mecrae кој загина заедно со својот син откако хилихоптерот во кој се наогаа се урна.Нема да замарам многу само ќе кажам дека по релиата во Нов Зеланд,Шпанија,Франција и Јапонија во генералниот пласман е вака:1.M.Gronholm 104 поени   2.S.Loeb 100 поени   3.M.Hirvonen 84 поени   4.D.Sordo 53 поени   5.P.Solberg  38 поени    6.H.Solberg  34 поени

Морам да признам дека  има многу интересна и напната ситуација во генералниот пласман на само две релиа до крајот.Marcus Gronholm сака да иде во пензија со титула а Sebastien Loeb ја сака својата четврта шампионска титула,па така релиата во Исланд и Велика Британија ќе бидат многу интереснi


   логирај се за да пишуваш коментари | за печатење | прати по e-mail | 219 пати прочитано   #



29 Јануари, 2012 - 23:06

hitler_93

Блог инфо


wrc.blog.com.mk

WRC

Корисник


login to send private messages to this user

5 години 19 недели

ПОКРОВИТЕЛ
Креирано и хостирано од
Dark_Chiken


Пријатели

Барај со Најди!



Sponsored By:








Категории

Последни записи

Последни коментари


 

Мој блог избор

Архиви
<< Јануари 2012  
По Вт Ср Че Пе Са Не
  1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31  

Седмични архиви


 

WRC ONLINE 2007-Designed by the_Dark_Chicken